Friday, December 11, 2015

Тоше Проески

Биографија
Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) — познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф БекГригор КопровЖељко ЈоксимовиќЛеонтина ВукомановиќМарина ТуцаковиќБора ЃорѓевиќМиро БуљанАнтонија ШолаТони ЦетинскиPhoebusАња Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.



Загинал на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост.






Пеачка ѕвезда
Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во АтинаГрција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум „Ако ме погледнеш во очи" на македонски исрпски јазик. Следи период на интензивна промоција во МакедонијаСрбијаБосна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот „Беовизија" со песната „Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.
Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низМакедонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во ИстанбулТурција. Во февруари, со помош на телегласање, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот „Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната „Life", англиската верзија на „Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите извонредни оперски квалитети на прес-конференциите.
Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима „Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум „По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република МакедонијаСрбија,ХрватскаСловенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ списоци во овие земји.
Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни проследени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.
Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) одржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.


Најголеми хитови на Тоше Проески се:
  • Чија си 
  • Немаш ни благодарам
  • Тајно моја 
  • Ако ме погледнеш во очи 
  • Соба за тага
  • Life 
  • Жао ми је
  • Кој ли ти гризе Образи 
  • Лагала нас мала
  • По тебе
  • Срце није камен 
  • Вежи ме за себе 
  • Никој како тебе не бакнува 
  • Месечина
  • Волим осмијех твој 
  • Боже, чувај ја од зло
  • Игри без граници .
  • The Hardest thing
  • Сè уште сонувам дека сме заедно